Молитва за својот духовен отец

Молитва за својот духовен отец

О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, Царице на небото и земјата, услиши го гласот на мојата душа и грешната молитва моја, која Ти ја принесувам за мојот духовен отец, многустрадалниот Твој слуга (името). Биди му вечна Сопатничка, во секое време биди со него, штити го со светите Ангели. Укрепи го, бдеј над него, чувај го додека спие и теши го додека плаче; бодри го во очајанието, избави го од невољи, ослободи го од клевети и подигни го во немоќта. Порази ги демоните кои стануваат против него, и во смртна опасност биди негова Помошничка. Направи го, од ден на ден, пострашен за видливите и невидливите непријатели, за да знаат дека тој е слуга Твој , Богомајко; Ти Која Го роди Бога и Царот, Кому Му прилега секоја чест и поклонение во вековите на вековите.

Мајко Божја, омекни ги срцата на злите луѓе кои стануваат против него. Ти ја гледаш тагата и маката на мојот духовен отец и само Тебе единствено Ти се познати неговите страдања. Ти ги знаеш и сите тајни на неговата душа. Погледни на него од Небесата, олесни ги неговите страдања и покриј го со Својата милост. Испрати благослов над неговите дела и испрати му невидлива помош.

По неговите свети молитви, дај ми и мене смирение, самоукорување, трпение, кротост, целомудрие, молчење и заштити ме од сите искушенија на видливите и невидливите непријатели. Амин.