Воведување во верата
Десетте Божји заповеди
1. Јас сум Господ Бог Твој, да немаш други богови освен Мене.
2. Не прави идоли ниту никакви ликови, ним не се поклонувај ниту им служи.
3. Не употребувај го името Божјо попусто.
4. Празнувај го неделниот ден. Шест дена работи и сврши ги сите твои работи, а седмиот ден посвети го на твојот Господ Бог.
5. Почитувај го татко ти и мајка ти, за да бидеш среќен и долговечен на земјата.
6. Не убивај.
7. Не врши прељуба.
8. Не кради.
9. Не сведочувај лажно против твојот ближен.
10. Не пожелувај ништо што е туѓо.
Две главни Божји заповеди
1. Возљуби Го Господа, Својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа и со сиот свој разум (Мт. 22,37).
2. Возљуби го својот ближен како себеси (Мт. 22,29).
Блаженства
1. Блажени се бедните по дух, зато што нивно е царството небеско.
2. Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат.
3. Блажени се кротките, затоа што тие ќе ја наследат земјата.
4. Блажени се гладните и жедните за правда, затоа што тие ќе се наситат.
5. Блажени се милостивите, затоа што ќе бидат помилувани.
6. Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога.
7. Блажени се миротворците, затоа што тие ќе се наречат синови Божји.
8. Блажени се гонетите заради правдата, затоа што нивно е царството небеско.
9. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонот и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно заради Мене.
10. Радувајте се и веселете се затоа што голема е вашата награда на небесата; така ги гонеа и прогонија што беа пред вас.
Дарови на Светиот Дух
1. Мудрост
2. Разум
3. Совест
4. Сила
5. Знаење
6. Побожност
7. Страв Божји
Плодови од даровите на Светиот Дух
1. Љубов
2. Радост
3. Мир
4. Трпение
5. Добрина
6. Милосрдие
7. Вера
8. Смирение
9. Воздржливост
Гревови
1. Гревови што „викаат кон небото“ (тешки гревови)
1. Убиство со намера
2. Содомија
3. Измачување на сиромашни и вдовици
4. Скусување на работничка плата
2. Седум главни (коренски) гревови
(Овие често се сфаќаат како гревови од кои произлегуваат други.)
1. Гордост
2. Среброљубие
3. Блуд
4. Завист
5. Неумереност во јадење и пиење
6. Гнев
7. Мрзливост
3. Гревови против Светиот Дух
Човек свесно да се затвори за покајание и благодат.
1. Горделива преголема надеж во Божјата милост и, поради тоа, непотребно грешење
2. Очајување и губење надеж во Божјата милост
3. Спротивставување на познатата вистина
4. Завидување на туѓа среќа
5. Непримање добри совети
6. Тврдоглаво останување во непокајност
4. Туѓи гревови (учество во грев на друг)
Ова не значи директно да го правиш делото, туку да придонесеш.
1. Погрешно советување
2. Заповедување
3. Дозволување
4. Наговорување
5. Фалење на гревот
6. Премолчување кога треба да се предупреди
7. Поддржување / присилување
8. Учествување и давање лош пример
Црковни заповеди
1. Моли Му се на Бога и слушај ја Божјата служба секоја недела и секој празник.
2. Пости пред Божиќ и Велигден, пред празникот на светите апостоли Петар и Павле, пред Успение на Пресвета Богородица, секоја среда и секој петок.
3. Почитувај ги свештените лица.
4. Исповедај ги твоите гревови и причестувај се во сите спомнати големи пости.
5. Моли Му се на Бога за оние што управуваат.
6. Држи ги постовите и молитвите што ќе ги нареди архијерејот за време на несреќите.
7. Безбожнички книги не читај.
8. Црковни предмети не употребувај за нецрковни намени.
9. Не прави свадба за време на постите.
Дела на телесните милости
1. Нахрани го гладниот
2. Напој го жедниот
3. Необлечениот — облечи го
4. Патникот и туѓинецот прибери го и нагости го
5. Болниот посети го
6. Затвореникот посети го
7. Умрените сиромаси погреби ги
Дела на душевните милости
1. Поправај ги грешниците
2. Оние што не знаат — учи ги
3. Дај му добар совет на оној што се сомнева
4. Моли се на Бога за спасението на ближниот
5. Утешувај ги нажалените
6. Трпеливо поднесувај ги навредите
Основи на верата – кој е Бог, што е вера, создавање, спасение
Бог е Творецот на светот и Отец на сите.
Верата е слободна доверба на човекот кон Бог.
Светот е создаден од љубов и човекот е повикан да живее во заедница со Бог.
Спасението е обновување на односот на човекот со Бог преку Христос.
Символ на верата – објаснување на членовите на верата
Символот на верата е кратко исповедање на христијанската вера. Тој ги содржи основните вистини за Бог, Христос, Светиот Дух, Црквата и спасението на човекот.
Зошто се молиме
„Се молиме за да се соединиме со Бог, да Му заблагодариме за Неговите дарови, да побараме помош и сила, да се покаеме и да се молиме за сите луѓе. Молитвата треба да се врши со искреност, со внимание, со срце а не само со зборови, и да биде постојана и редовна.“
Тајни (свети тајни) – крштевање, причест итн.
Светите Тајни се свети дејства на Црквата, преку кои на човекот му се предава Божјата благодат. Преку Тајните човекот се соединува со Христос и напредува во духовниот живот.
· Крштевање – влегување во црковниот живот
· Миропомазание – дар на Светиот Дух
· Причест / Евхаристија – заедница со Христос
· Покајание / Исповед
· Брак
· Свештенство
· Елеосвештение – молитва за исцеление и духовна сила
Морал и христијански живот
„Христијанинот е повикан да живее со љубов, вистина, смирение и почит кон сите луѓе. Во семејството да покажува трпение и грижа, а во општеството да работи за добро, правда и мир.“
Толкување на Светото писмо
Светото Писмо се толкува во рамките на Преданието на Црквата и со помошта на Светиот Дух. Не е доволно само читање на зборовите, туку е потребно разбирање на духовното значење.“